Дома Македонски спорт Мак фудбал „Комити“ со порака до Арсовска и Славевски: За 48 часа да исплатите парите за ФК Вардар!

„Комити“ со порака до Арсовска и Славевски: За 48 часа да исплатите парите за ФК Вардар!

Навивачите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар се обратија до градоначалничката на Скопје, Данел Арсовска и претседателот на Советот на градот, Трајко Славевски.

„Комити бараат Градот во наредните 48 часа да ги исплати средствата од претходно предвидени за Вардар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Соооштението на „Комити“ ви го пренесуваме во целост:

Упатуваме апел до претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска, финансиските средства наменети за ФК Вардар, изгласани едногласно уште на 20.07.2023 да бидат доделени веднаш. Немате повеќе време за чекање!

Вашата пасивност во однос на ФК Вардар и меѓусебното префрлање на одговорноста, се недозволиви. Никогаш нема да прифатиме, било кој да има таков однос кон клубот на народот. Затоа, упатуваме јасно барање – постапете веднаш!

Доколку за 48 часа не постапите и не ја спроведете одлуката, најавуваме радикализација на борбата.

Не дозволувајте да бидете запомнети како луѓе кои свесно или несвесно го саботирале клубот на народот. Не дозволувајте повторно да треба да се огласиме по однос на ова прашање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…