Дома Македонски спорт Мак фудбал „Комити“ не се откажуваат и покрај забраната: Сите во Струмица!

„Комити“ не се откажуваат и покрај забраната: Сите во Струмица!

Утре стартува Првата македонска фудбалска лига, а еден од натпреварите кои ќе се играат е помеѓу Брера Струмица и Вардар.

На денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар, Горан Пандев се извини во свое име и во име на клубот до „Комитите“ за ситуацијата. Во дописот до Брера од ФФМ објасниле дека причина за забраната е безбедноста.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„За жал, гостинските навивачи нема да можат да бидат присутни. Добивме од ФФМ допис дека не смееме да ги примиме „Комити“ на трибините. Во мое име им се извинувам и во име на клубот. Направивме се што беше во наша моќ, монтиравме и дополнителна трибина за таа намена“, изјави Пандев.

По забраната од „Комити“ експресно се огласија испраќајќи благодарност до управата на Брера за направените напори истакнувајќи дека тие секако ќе патуваат во Струмица да дадат поддршка на Вардар иако тоа нема да биде од трибините.

„Мобилизацијата продолжува – СИТЕ ВО СТРУМИЦА!

Упатуваме благодарност до управата на ФК Брера поради искрениот пристап и заложба, но исто така порачуваме дека овој натпревар го чекаме повеќе од две години и затоа, покрај околностите ги повикуваме сите членови и симпатизери на клубот“, стои во пораката на навивачите на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…