Дома Македонски спорт Мак фудбал Комити: Имаме се што треба, дајте ни лиценца да ја претставиме Македонија во најдобро светло! (ФОТО)

Комити: Имаме се што треба, дајте ни лиценца да ја претставиме Македонија во најдобро светло! (ФОТО)

Навивачката група на Вардар „Комити“ во овој период поради неизвесната ситуација со клубот е посебно активна преку социјалните мрежи.

Постојана од нив пристигнуваат апели и пораки да се спаси Вардар и клубот да не остане уште една сезона без Европа. Вардар минатата сезона не доби лиценца за настап во Европа, а истото им се заканува и оваа сезона.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес тие се огласија со ново соопштение:

„Играме на најубав и најмодерен стадион на Балканот !
Тренираме на најубавиот и најмодерниот тренинг камп на Балканот !
Имаме најперспективни играчи и најлојални борци. Големи и квалитетни како луѓе, со срца планини ! Нив ги предводи докажан Вардарец и Македонист, Маршал Генералисимус по ранк…
Имаме Црвено – Црна навивачка Армија, која мотивирана може да го наполни Запад до врв ! Имаме се што треба за да ја претставиме Македонија во Европа во најдобро светло !
Дајте ни да играме, за да славиме Титула !
Дајте ни да навиваме, за да се испразниме емотивно, но исполниме душевно !
Дајте ни Лиценца, да не види и чуе Европа !
За вас тоа е можеби малку и незначително, во реалноста тоа е нормално и задолжително, но за нас е воздухот кој го дишеме !“, стои во соопштението.

ФОТО: Комити (ФБ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Двајца фудбалери на Реал Мадрид побарале да не шутираат пенали против Сити

Двајца фудбалери на Реал Мадрид побарале да не се на листата изведувачи на пенали во вчера…