Дома Македонски спорт „Комити“: Баравме да им изградат стадион, а сега поради изграбата не ни е дозволен влез

„Комити“: Баравме да им изградат стадион, а сега поради изграбата не ни е дозволен влез

Утре Битола ќе биде епицентар на македонската спортска сцена, прво ќе се игра одложениот дуел во фудбалскиот куп на Македонија помеѓу Пелистер и Вардар, а потоа на програмата е големото ракометно дерби во Суперлигата Еурофарм Пелистер – Вардар.

„Комитите“ најавуваат дека имаат намера да дојдат во Битола и да навиваат за своите миленици. Во таа порака тие испратија и мала провокација кон своите големи ривали.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Жртви сме затоа што имаме големи срца. Баравме да им изградат стадион, а сега поради изградбата во тек, не ни е дозволено да присуствуваме на фудбал. Добро, ќе почекаме…Останува Ракометното дерби, кое доаѓа во лош момент за Вардар, по лошата серија и промената во стручниот штаб. Но ние сме Вардар и потребен е максимален фокус кон предизвиците кои следат.Одиме во Битола, според тоа како се одвиваат работите во моментов. На Вардар му треба поддршка“, порачаа „Комити“.

Фото: Комити Скопје (ФБ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…