Дома Фудбал Репрезентации Комбинации: Меси може на Светско првенство дури и ако Аргентина загуби од Еквадор

Комбинации: Меси може на Светско првенство дури и ако Аргентина загуби од Еквадор

Целиот свет е во исчекување на расплетот на Јужноамериканските квалификации, особено расплетот на Аргентина на која и виси дури и пласманот за бараж.

Меси и дружината моментално се наоѓаат на 6-то место во групата (5-то место води во бараж) и во последното коло му гостуваат на Еквадор.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Доколку „гаучостите“ остварат победа против Еквадор тогаш сигурно ќе се пласираат најмалку во баражот, а во зависност од другите резултати може да се пласираат и директно на СП.

Што ќе се случи при реми со Еквадор
-„Гаучосите“ би се пласирале во Русија ако Колумбија слави против Перу, Чиле изгуби од Бразил со два гола разлика и ако Парагвај слави против Венецуела.
-Ако Колумбија слави против перу, а Парагвај ремизира со Венецуела = Аргентина во бараж.
– Аргентина ќе оди во бараж и ако Перу ја победи Колумбија, Чиле загуби од Бразил со 2 или повеќе разлика.
Ако Перу ремизира против Колумбија, Чиле загуби со два разлика, а Парагвај не ја победи Венцуела – Аргентина повторно оди во бараж.

Пораз од Еквадор
Аргентина може да избори бараж и при случај на пораз, но само доколку Перу загуби од Колумбија со 2 или повеќе гола разлика, а Парагвај не ја совлада Венецуела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите на Јувентус жестоко го навредија Влаховиќ, па тој одговори на Инстаграм

Навивачите на Јувентус не се задоволни од настапите на нивниот напаѓач и српски репрезента…