Дома Фудбал Англија Комбинациите на Мурињо: Дали вака поставените работи ја најавуваат титулата?! (Фото)

Комбинациите на Мурињо: Дали вака поставените работи ја најавуваат титулата?! (Фото)

Манчестер Јунајтед денес и официјално го донесе во своите редови третото засилување.

Немања Матиќ го комплетираше трансферот од Челси за 45 милиони евра и стана најплатениот српски фудбалер во историјата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред Матиќ во Јунајтед пристигнаа Линделоф и Лукаку, па Мурињо доби едно капитално засилување во сите три линии од тимот.

Важно е да се напомене дека Мурињо може да го игра Матиќ во неколку различни формации.

Заедно, во Челси, Мурињо и Матиќ освоија титула во формација 4-2-3-1, а Немања две години подоцна му ја донесе титулата на Конте во формација 3-4-3.

Исто така, Матиќ одлично се снаоѓа како сам заден играч за врска во формација 4-3-3, што е јасно зошто Мурињо толку инсистираше да го донесе во своите редови.

Можеби и најважно е што Погба ќе има помалку задачи во дефанзивата и ќе може до израз да го донесе својот офанзивен потенцијал.

Мурињо до крајот на преодниот рок ќе се обиде да донесе уште еден крилен напаѓач,а тоа значи дека во најава е наад на титулата во Премиер лигата од страна на тимот од „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…