Дома Останати КОЛУМНА: Мекгрегор загуби, но доби – цело УФЦ!

КОЛУМНА: Мекгрегор загуби, но доби – цело УФЦ!

Конор Мекгрегор е најголемата ѕвезда на УФЦ и во тоа нема никакво сомневање, колку и чудно да звучи тоа беше докажано со поразот од Кабиб Нурмагомедов на спектаклот во Лас Вегас.

Борбата на двата големи УФЦ бoрци донесе големи возбудувања, а целиот тој настан на крајот остана во сенка на случувањата после борбата. Конор го предаде мечот во четвртата рунда откако беше „загушен“ од Кабиб. Случувањата што се случија потоа, иако не звучи убаво, но таква е реалноста – придонесоа за дополнителна популарност.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Целиот свет и денови потоа зборува за она што се случуваше, веројатно не постои човек на планетата кој е упатен со случувањата во светот овие денови, а да не ги слушнал имињата, Кабиб и Конор.

Борбата ја следеа стотици милиони луѓе ширум светот и тоа придонесе и за побрзо раширување на случувањата, а мора да се признае дека толкаво внимание (со сета почит кон Кабиб) привлече најмногу поради борецот шоумен Конор Мекгрегор.

Да, Кабиб имаше скор од 26:0 (сега 27:0) и беше бранител на трофејот, но ниту одблиску немаше популарност и не беше ѕвезда каква што е Конор. Токму таквата популарност на Конор и сите оние провокации кои ги правеше беа причина да привлече огромен аудиториум пред малите екрани.

Доказ за тоа е и сумата која ја определи УФЦ пред борбата Конор доби три милиони евра, Кабиб требаше да добие два (засега не ги добил поради излегувањето од кафезот).

Кога е модерното промовирање Конор беше далеку пред Кабиб. Ирецот на својот Инстаграм профил има повеќе од 28 милиони следбеници. Колку имаше Кабиб пред борбата? – Четири милиони, денес има нешто повеќе од 11.

Борбите во УФЦ во блиска иднина сигурно ќе привлекуваат поголемо внимание, отколку што беше случај пред борбата. Сега секој фан на спортот ќе сака повторно да го гледа Кабиб во октагон и сигурно дека следната негова борба со кој и да биде ќе има огромна гледаност. Тоа немаше да биде случај пред борбата со Конор.

Нема потреба да се трошат зборови колкава би била гледаноста ако тоа биде реванш со Конор…

Денес во медиумите се појави и изјава на Нате Диаз човекот кој прво го победи Мекгрегор (еве и јас подобро ви го објаснувам со името на Ирецот), па потоа беше поразен со судиска одлука. Тој требаше да се бори со Дастин Пориер, но тој се повреди, па Диаз остана без противник.

Новинарот Ариел Хелвани го запраша какви му се плановите, а тој кратко одговори: Ќе се борам само со Кабиб кога тој ќе биде спремен.

Помислете колкумина од вас пред борбата на Кабиб и Конор би ги заинтересирало борба помеѓу Диаз и Кабиб… Да, би била интересна за големите УФЦ фанови кои се добро запознаени со овој спорт, но не и за останатите. Сега таквата потенцијална борба ќе биде најавена како спектакл и одново ќе привлече огромен број фанови пред малите екрани.

И да се вратиме на почетокот, кој придонесе за Кабиб да добие толкава популарсност – Конор Мекгрегор!

Во никој случај не сакам да го омаловажам Нурмагомедов, но реалноста е таква денес УФЦ е толку интересна најмногу поради Мекгрегор.

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Навивачите на Арсенал го обвинија Баерн за „валкана игра“ на полувремето во реваншот

Eкипата на Арсенал вчера доживеа елиминација во Лигата на шампионите откако беше поразена …