Дома Трансфер зона Коло Муани го избра новиот клуб

Коло Муани го избра новиот клуб

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани е на мета на голем број европски гиганти.

Сезонава 23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт постигна 14 гола и 12 асистенции во Бундеслигата, а и на Мундијалот остави одличен впечаток.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен е во потрага по напаѓач и Муани е на врвот на листата желби, бидејќи има искуство во Бундеслигата.

Интерес за Французнот покажуваат уште Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Челзи, но Муани преферира да остане во Бундеслигата.

Поради тоа прв избор за напаѓачот е Баерн Минхен, а Ајнтрахт за неговата слобода бара 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…