Eкипата на Манчестер Славеше против Атлетико Мадрид со 1:0 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а Пеп Гвардиола после мечот замери на тактиката со кој настапи Симеоне.
Симеоне изнесе тим во формација 5-5-0 и се обиде да остане непоразен, но на крајот тоа не му успеа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во праисторијата, денес или за 100 години, секогаш ќе биде тешко да напаѓате или да создавате шанси во таква ситуација. Борбени се и одлично се бранат. На полувремето им кажав на играчите дека играме добро и да не се грижат. Голот навистина добро ни дојде“, изјави Пеп после натпреварот.
По оваа негова изјава одговор му стигна од фудбалерот на Атлетико Коке.
„Заљубен во овој клуб од праисторијата. Горд на Атлетико“, порача Коке.