Дома Топ вести Кого следеше скаутот на Барса на дербито од Премиер лигата?! (ФОТО)

Кого следеше скаутот на Барса на дербито од Премиер лигата?! (ФОТО)

Фудбалерите на Челзи на „Стенфрод Бриџ“ во вчерашното дерби против Манчестер Јунајтед, славеа со минимални 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ во овој натпревар ја прекинаа лошата серија на најдобар можен начин и тоа со победа против стариот ривал. Одлучувачкиот момент се случи кон средината во второто полувреме кога Алваро Мората ја затресе мрежата на „црвените ѓаволите“.

Но, интересно беше и на трибините каде што фоторепортерите забележија интересен детал. Имено, вчерашниот натпревар помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед го следеше скаутот на Барселона, Роберт Фернандез кој е задолжен за доведување фудбалери на „Ноу Камп“.

Како што пишува „Тhe Sun“, скаутот го следел Ентони Марсијал кој во јануари би можел да се пресели на „Ноу Камп“.

skaut

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…