Дома Останати Кога ќе се одржи борбата на векот? Во 2023 година нема да ја гледаме…

Кога ќе се одржи борбата на векот? Во 2023 година нема да ја гледаме…

Tajсон Фјури стигна до голема победа против Франсис Нгану во битката на тешкашите и следен предизвик за Фјури ќе биде борбата на векот против Олександар Усик за соединување на титулите во тешка категорија.

Такво нешто во боксот не се случило уште од 1999 година. Веќе е познато дека борбата помеѓу Британецот и Украинецот ќе се одржи во Саудиска Арабија, меѓутоа точниот датум се уште не е познат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако се суди според последната изјава на промотерот на Фјури, Фрек Ворен оваа борба нема да се одржи до крајот на 2023 година.

„Фјури продолжи во тоа што го прави најдобро – дојде до победа. Оваа борба е сега зад нас, а гледаме на иднината. Договорена е борба со Усик, а се надевам дека кога Тајсон ќе биде подготвен ќе имаме и датум.

 Нема да биде во декември бидејќи тој не е подготвен. Сигурно дека само пет, шест недели, за таква борба не се доволни, но и борбата со Нгану беше тешка, па ќе му биде потребно време за рехабилитација“, изјави Ворен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…