Дома Фудбал Репрезентации Кога тој излезе одбраната на Србија се распадна: Ќе биде ли Павловиќ спремен за Швајцарија?

Кога тој излезе одбраната на Србија се распадна: Ќе биде ли Павловиќ спремен за Швајцарија?

Српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ не е тешко повреден, потврдија за медиумите во Доха од Фудбалскиот сојуз на Србија, но повеќе детали ќе се знаат утре.

Павловиќ излезе од игра во 56. минута од натпреварот кога Србија водеше со 3:1 и од тој момент како да се распадна српската одбрана.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Заедно со Андрија Живковиќ беше еден од најдобрите во тимот, а со својот гол го започна пресвртот на Србија.

„Павловиќ беше на снимање, се оди во позитивна насока, но утре ќе знаеме повеќе. Генерално здравствената состојба во тимот е добра“, изјави ПР на српската репрезентација Милан Вуковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…