Дома Фудбал Кога пред бројките молчат и боговите!

Кога пред бројките молчат и боговите!

Кристиано Роналдо синоќа три пати ја тресеше мрежата на Литванија и стигна до својот 55-ти хет-трик во кариерата.

Роналдо стигна до 10от гол во овие квалификации и сега заостанува само еден гол зад Захави и Кејн, кои до бројката од 11 гола стигнаа во 11 меча, додека Португалецот има еден гол помалку.

За него ова беше хет-трикот број 55 во кариерата, од кои 9 ги постигна во националниот тим, а останатите 46 во клубовите за кои играше.

Исто така стигна до бројката од 98 погодоци во националниот дрес, се ближи до јубилејниот 100-ти погодок како и рекордот на Али Деаи. Тој исто така 13 години во низа постигнува повеќе од 30 погодока, и стана само вториот играч кому ова му пошло по легендарниот Пеле. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…