Јувентус повторно се обидува да го искористи стариот рецепт.
Сајстот специјализиран за трансфери „Тутомеркато“ пренесува дека Јувентус му понудил договор на фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Изворот изледе и со конкретни податоци, во прашање е договор на четири години вреден 4.5 милиони евра.
Договорот на Вилшер со Арсенал истече и би можел да премине во друг клуб без оштета , а ако некој најдобро знае да реализира такви трансфери тоа тогаш сигурно е спортскиот директор на Јувентус – Бепе Марота.
Марота на ист начин во Јувентус изминатите години ги доведе неколку фудбалери кои се покажаа како одлични засилувања, а во секој момент се очекува потврда на трансферот на Емре Чан кој ова лето пристигнува исто така без оштета.
Претходно Вилшер се поврзуваше и со Милан, па останува да се види каков ќе биде одговорот на 26 годишниот Вилшер кој во текот на кариерата немаше многу среќа со повредите.