Дома Фудбал Кога Куман е гласен на Твитер? Нормално, кога Барса ќе победи

Кога Куман е гласен на Твитер? Нормално, кога Барса ќе победи

Фудбалерите на Барселона вчера на гости го победија Динамо Киев со 4:0 во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона со оваа победа на две кола пред крајот на групната фаза го обезбеди местото во осминафиналето од ова натпреварување. Каталонците играа без повеќе првотимци, но и покрај тоа успеаа да дојдат до победата.

Меѓутоа она што шпанските новинари го забележаа е начинот на кој Куман го користи Твитер профилот.

Тие сфатија дека Куман на Твитер се огласува само кога Барселона ќе победи. Очигледно Куман си се води од правилото – биди гласен кога ќе победиш.

Причината што не објавува ништо кога Барселона ќе има резултат каков што не се очекува веројатно е да не трпи лоши коментари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полноќна „бомба“ од „Енфилд“: Ливерпул направи шокантен трансфер!

Ливерпул вечерва заврши шокантен трансфер. Нов играч на Црвените стана шпанскиот фудбалер …