Дома Фудбал Кога Кака елегантно ги понижи Евра и Хајнце (ВИДЕО)

Кога Кака елегантно ги понижи Евра и Хајнце (ВИДЕО)

Еден од најнезаборавните натпревари во Лигата на шампионите го одиграа Манчестер Јунајтед и Милан во сезоната 2006/2007.

Во тој натпревар Манчестер Јунајтед победи со 3:2. Меѓутоа првата асоцијација за тој натпревар е – Рикардо Кака. Милан тогаш изгуби, но Кака го постигна еден од најпознатите голови во Лигата на шампионите.

Во една контра Кака елегантно со само еден потег и мрднување на топката со глава ги испрати на земја Патрис Евра и Габриел Хајнце кои удрија еден во друг. По тој потег Бразилецот излезе еден на еден со Ван Дер Сар и не му беше тешко да ја смести топката во мрежата.

Потегот со главата е момент кој оние кои го гледале натпреварот сигурно го паметат како „вчера“ да се случи…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…