Поранешниот тренер на Баерн, Нико Ковач, може повторно да се врати на тренерско столче во Бундеслигата.
Пред два дена Јирген Клинсман поднесе оставка на тренерската позиција во Херта и тоа после само 76 дена на кормилото. До крајот на сезоната екипата ќе ја предводи Александар Нури.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во текот на летото, Херта сака да назначи нов тренер. Ковач е на врвот на списокот на приоритетни кандидати за клубот.
48-годишниот Хрват е роден
во Берлин и своето име во германскиот фудбал го стелкна токму во Херта каде
играше од 1991-1996, а потоа и во завршните години од кариерата 2003-2006
година.