Дома Трансфер зона Ковачиќ инсистира да замине, Реал НЕ го пушта!

Ковачиќ инсистира да замине, Реал НЕ го пушта!

Играчот за врска на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ инсистира да го напушти „Сабтиаго Бернабеу“ ова лето, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


24-годишниот хрватски репрезентативец јасно му кажал на тренерот Лопетеги и на соиграчите дека сака да си замине ова лето и покрај фактот што од Реал Мадрид го убедуваат да остане.

За него силен интерес покажуваат неколку европски гиганти како Ливерпул, Манчестер Сити, Баерн Минхен и Рома.

Весникот „АС“ тврди дека Флорентино Перез нема да му дозволи да замине бидејќи го смета за важен играч за во иднина. „Кралевите“ сметаат дека Ковачиќ е легитимен наследник на Модриќ и се спремни да ги одбијат сите понуди кои ќе пристигнат.

Доколку Ковачиќ инсистира да замине Реал Мадрид за неговата слобода ќе бара 80 милиони евра, сума која никој од заинтересираните клубови не е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…