Дома Трансфер зона Ковачиќ го напушта Реал Мадрид, на повидок трампа со Баерн

Ковачиќ го напушта Реал Мадрид, на повидок трампа со Баерн

Матео Ковачиќ поради големата конкренција не може да го покаже својот полн потенцијал во Реал Мадрид и побарал да го напушти клубот ова лето.

Хрватот не е задоволен од статусот и минутажата која ја добива, па официјално побарал од „кралевите“ да биде продаден ова лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид ќе му дозволи да замине, а новиот тренер Лопатеги веќе му најде замена. Станува збор за плејмејкерот на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара кого добро го познава и соработуваа заедно во шпанската репрезентација.

Наводно „кралевите“ веќе стапиле во контакт со агентот на Алкантара со кого се во одлични односи.

Од друга страна новиот тренер на Баерн, Нико Ковач многу ги цени квалитетите на својот сонародник Матео Ковачиќ, па можно е да дојде до трампа помеѓу двата клуба.

Баварците го проценија Алкантара на 70 милиони евра, а цената на Ковачиќ е приближна, но Реал Мадрид е спремен покрај Хрватот да плати и додатни 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…