Дома Македонски спорт Ковачевски го пречека Еди Рама со дрес и баскет 📸

Ковачевски го пречека Еди Рама со дрес и баскет 📸

Премиерот Димитар Ковачевски имаше интересна средба со премиерот Еди Рама на која му подари и дрес од кошаркарската репрезентација на Македонија.

Засега не е позната причината поради која македонскиот премиер се одлучи на ваков начин да го пречека својот колега.

„Со мојот колега, премиерот Еди Рама, делиме исти визии за тоа како треба да изгледа една напредна, модерна и европска земја и регион, каде граѓаните ќе живеат со подобар стандард.

Наша цел е да градиме мостови меѓу двете земји, да ја унапредуваме инфраструктурата, економијата и заедно да ги надминуваме предизвиците.

Најтешката зима која е пред нас, предизвикана од светската енергетска криза и воените превирања, ќе ја пребродиме солидарно со меѓусебна поддршка и соработка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Стојковска бара поголема видливост за шахот и еднакви можности за шахистките

Македонската репрезентативка ги посочува разликите во наградните фондови и недоволното мед…