Дома Трансфер зона Клуб од Франција испратил понуда за Марсело

Клуб од Франција испратил понуда за Марсело

Француските медиуми пренесуваат дека нов клуб на Бразилецот Марсело може да биде Ница.

Клубот од Аѕурниот Брег според информациите испратил понуда до поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и сега чекаат негов одговор кој се надеваат дека ќе биде позитивен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марсело на 34 години го напушти кралскиот клуб по крајот на минатата сезона кога му истече договорот. Имаше желба Бразилецот да продолжи барем уште една година во Мадрид, но сепак „кралевите“ не му дадоа понуда за продолжување на соработката.

Во последните денови се појави информација дека Марсело е поблиску да ја заврши кариерата отколку да избере нова средина, меѓутоа ќе видиме дали оваа понуда од Ница може да промени нешто.

За Реал Мадрид Марсело настапуваше 15 години и во тој период собра 544 натпревари и постигна 37 голови, освои 25 трофеи меѓу кои пет во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…