Дома Фудбал Останато „Клуб од Саудиска Арабија сигурно ќе учествува во Лигата на шампионите“

„Клуб од Саудиска Арабија сигурно ќе учествува во Лигата на шампионите“

Косопственичката на Њукасл, Аманда Стејвил е убедена дека учеството на клуб од Саудиска Арабија во Лигата на шампионите е само прашање на време.

Аманда е некоја која е добро упатена во амбициите на саудијците бидејќи води клуб кој управува со капитал од оваа држава. Таа присуствуваше „Блумберг самитот“ во Џеда каде што помеѓу останатото зборуваше и за фудбалот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Прилично сум сигурна дека саудиски клуб ќе игра во Лигата на шампионите. Не знам колку време ќе треба да помине за тоа да се случи, но познавајќи ги саудијците мислам дека нема да помине уште долго“, изјави Аманда.

УЕФА засега е на став да не дозволи учество во нејзините натпреварувања на клубови кои не се од Европа, но исто така ваквите најави стануваа се погласни, па останува да видиме дали ќе издржат под притисок.

Проширувањето на Лигата на шампионите кое стапува на сила од наредната сезона е јасен показател во кој правец сака да оди УЕФА во наредните години. Повеќе клубови, повеќе натпревари, повеќе пари од ТРВ правата, повеќе заработени пари…

Се шпекулира исто така дека некое наредно финале би можело да се игра во САД. Наредните две финалиња остануваат во Европа (Вембли и Алијанц Арена), но за потоа се е можно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал во Црна Гора: Голман нокаутираше соиграч! 🎥

Натпреварот помеѓу Будуќност и Сутјетска кој се одигра во Подгорица и заврши нерешено беше…