Дома Фудбал Лига на шампиони Клубовите ќе добијат 2 милијарди од Супер Лигата на шампиони

Клубовите ќе добијат 2 милијарди од Супер Лигата на шампиони

Лигата на шампиони каква што ја знаеме од 2024 година нема да ја има, бидејќи се создава Супер Лигата на шампиони во договор на УЕФА со најголемите клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


УЕФА планира постепено да го прошири турнирот и од сегашните 125 ќе се зголемата на 225 натпревари, пренесуваат медиумите на Островот.

Она што е сега приоритет е да се одреди системот на натпреварувањето, дали по групи или лигашки, а сигурно е дека ќе се зголеми бројот на учесници од сегашните 32 на 36 клуба.

15 или 18 европски гиганти ќе имаат загарантирано учество, па ќе се зголеми јазот помеѓу богатите и сиромашните, бидејќи европските гиганти ќе делат најголем дел од финансискио колач.

Се очекува целиот проект да „тежи“ 2 милијарди фунти кои ќе бидат поделени на клубовите во зависност од пласманот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…