Новата италијанска ѕвезда и играч на Каљари, Николо Барела одбил да се пресели во Челзи за време на зимскиот преоден рок, пренесуваат медиумите на Апенините.
Двата клуба го договориле трансферот за 44 милиони фунти, но талентираниот играч за врска одбил да се пресели во Лондон. Барела е трансфер цел на најголемите италијански клубови и сака да остане во Серија А.
?Chelsea had a 50m euros offer (£44m) for Italian midfielder Nicolo Barella, 21, accepted by his club Cagliari in January but the player turned down the move. #CFC [Tutto Mercato Web] pic.twitter.com/Cpa5EvScH7
— Maurizio Ⓜ️ (@CFCNewsReport) February 6, 2019
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Каљари најпрво одбил понуда од Манчестер Јунајтед, а потоа не можел да каже не на високата понуда од Челзи.
Меѓутоа Барела му кажал „НЕ“ на англискиот клуб бидејќи сака на лето да се пресели во некој од италијаските гиганти. За него силен интерес покажуваат Јувентус, Интер, Милан и Наполи.
https://youtu.be/Ix3GvyV9T-s