Дома Фудбал Клоп: Ќе го чекаме Ван Дајк како верна сопруга што го чека мажот да излезе од затвор

Клоп: Ќе го чекаме Ван Дајк како верна сопруга што го чека мажот да излезе од затвор

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во свој стил ја прокоментира повредата на столбот на одбраната, Вирџил ван Дајк.

Ван Дајк ќе паузира шест до седум месеци поради повреда после остриот старт на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.

„Се уште не е јасно кога ќе се оперира, но јасно е дека му следува долга пауза. Сигурен сум дека тој ќе го надмине ова и ќе се опорави целосно. Ние сме во постојан контакт со Вирџил и секогаш сме тука за него. Ќе го чекаме како верна сопруга која го чека својот маж да се врати од затвор. Во меѓувреме ќе направиме се за да му ја олесниме рехабилитацијата“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…