Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп имаше само пофални зборови за неговиот колега Унаи Емери и за големиот успех на Виљареал.
„Црвените“ утре ќе го играат првиот полуфинален натпревар во ЛШ против „жолтата подморница“, а Клоп потенцираше дека никако нема да дозволи да го потцени противникот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„И претходно имав голема почит кон Емери, но ги гледав натпреварите со Јувентус и Баерн и останав импресиониран. Унаи е тренер кој е опседнат со деталите и се подготвува за сите ситуации. Може Јуве и Баерн да го потцениле Виљареал, но тоа нема да се случи со нас“.
„Ние сакаме да бидеме во финале, но истото важи и за нив. Знам дека ќе има моменти во кои ќе страдаме, но нема потреба да бидеме нервозни. Овој меч е специјален, со огромно значење. Има многу тренери и играчи кои даваат се за еден ден да играат во финале на Лигата на шампиони“, истакна Клоп.