Идинината на Џек Вилшер и понатаму е главна тема на Островот, со оглед на фактот дека англискиот репрезентативец се уште нема донесено конечна одлука.
Имено, договорот на Вилшер со Арсенал истекува на крајот на сезоната, а се помали се шансите дека плејмејкерот ќе ја прифати понудата да остане на „Емирати“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вилшер на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а тоа го прави привлечен за многу клубови во Премиер лигата и ширум Европа.
Последен клуб кој се вклучи во траката за неговиот потпис е Ливерпул. Имено, „црвените“ внимателно ја следат ситуацијата и се спремни да му понудат договор на играчот за врска.
Вилшер неодамна изјави дека ќе ги разгледа сите понуди, а конечната одлука ќе ја донесе пред почетокот на Мундијалот.
Liverpool have been monitoring Jack Wilshere's contract situation at Arsenal and could be interested in the summer. (Source: Liverpool Echo) pic.twitter.com/49i0pnWHX6
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 22, 2018