Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше исклучително незадоволен од изданието на своите избраници во поразот од Тотенхем на „Вембли“.
Тотенхем славеше со високи 4:1, но при постигнувањето на сите четири гола имаше помош од неспретните дефанзивци на Ливерпул.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Целиот натпревар и резултатот, се е наша грешка. Направивме се за да му ја олесниме работата на Тотенхем. Се им дадовме на тацна, и тоа не е прашање на самодоверба. Едноставно мораш да бидеш 100% во натпреварот“, истакна Клоп.
Првиот и вториот гол Ливерпул ги прими после грешки на Дејан Ловрен, па Хрватот беше заменет после 30 минути игра.
„Не, навистина не вежбаме начин на бранење од аут. За вториот гол ја агубивме топката и Сон беше побрз од нашата одбрана“, заклучи Германецот.