Фудбалерите на Ливерпул влегуваат во завршницата од сезоната како единствен тим од Англија кој може да освои четири трофеи.
Лига купот е веќе на освоен, Манчестер Јунајтед им е следен противник во ФА Купот, Спарта Прага е поразена во Лига Европа, а во Премиер лигата ја имаме неизвезна трка во која тука се уште Сити и Арсенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јирген Клоп денеска објави добри вести во пресрет на клучните битки за трофеи. Мо Салах целосно се опоравил, а наскоро се очекува да се вратат и други важни играчи.
„Многу е важно што целосно го опоравивме Салах. Конечно е подготвен за 90 минути и е во врвна форма“, потврди Клоп.
Позитивна вест е дека Трент Александер-Арнолд се враќа веднаш по репрезентативната пауза, додека во првата половина на април во тимот се очекува да бидат Алисон и Диого Јота.
Се очекува Клоп да одмори неколку важни играчи во четврток против Спарта, за во недела од 16:30 часот на „Олд Трафорд“ да го нападне Манчестер Јунајтед во што посилна формација.