Дома Трансфер зона Клоп се помири – Ова се кандидатите за нов „Кутињо“, навивачите не се задоволни!

Клоп се помири – Ова се кандидатите за нов „Кутињо“, навивачите не се задоволни!

klop

Екипита на Ливерпул полека се припема за живот без Фелипе Кутињо.

Како веќе пишувавме Ливерпул полека се подготвува за заминуевање на Бразилецот, Фелипе Кутињо. Поради тоа медиумите веќе се занимаваат со тоа кој би можел да го замени талентираниот фудбалер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ливерпул Ехо“ тврди дека тоа би можел да биде Макс Мајер од Шалке кој и претходно се поврзуваше со трансфер во англискиот гигант.

Германецот може да игра на повеќе позиции во нападот и по тоа е сличен на Кутињо, но јасно е дека би морал да се прилагоди на Премиер лигата и англискиот фудбал.

Второто име, но малку веројатно е Лоренцо Инсиње, фудбалерот на Наполи кој во главно дејствува на левата крилна позиција. Сепак, навивачите не се задоволни од овие потенцијални замени, јасно е тие очекуваат на местото на Кутињо да пристигне нова суперѕвезда.

Не треба да се заборави и дека Ливерпул ќе има на распалогање повеќе од 150 милиони евра за засилувања, поради тоа разбирливи се очекувањата на на фановите на клубот од „Енфилд“.

Како и да е, пред нас останува нешто помалку од еден месец до затварање на трансфер периодот, на Ливерпул можеби повеќе му одговара Кутињо што побрзо да го заврши трансферот со што би имале повеќе време да пронајдат адекватна замена.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…