Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри дека ќе игра со комбиниран тим на дуелот со Милан во Лигата на шампиони.
Ливерпул веќе го обезбеди првото место во групата и утрешниот натпревар на „Сан Сиро“ за „црвените“ нема резултатско значење.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ќе играме со комбиниран тим. Лекарскиот тим ќе ме убие ако почнеме со истиот тим повторно. Нормално е дека не можам да ги заменам сите фудбалери, но добро ќе ни дојдат свежи нозе на теренот. Игравме 5 натпревари за 14 дена и по оваа средба не очекуваат ист број дуели за сличен период“, изјави Клоп.
„Едвај чекам да играме на Сан Сиро. Ова ќе биде прв дуел за мене на овој легендарен стадион и сигурен сум дека ќе уживам“, додаде Германецот.