Ливерпул синоќа со 0:2 го победи Лајпциг во првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ.
Избраниците на Клоп прикажаа добра игра и со головите на Мане и Салах обезбедија одлична предност пред реваншот на Енфилд.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После натпреварот, тренерот на Црвените, Јирген Клоп рече дека е задоволен од играта на својата екипа и додаде дека на некои луѓе не им се исполнила желбата да го видат Ливерпул повторно поразен.
„Знам дека многумина очекуваа да се лизнеме и на овој меч, мило ми е што желбите не им се исполнија. Лајпциг е одличен тим, знае да биде моќен со својот стил на игра, а начинот на кој ние ги контролиравме беше извонреден.“ – рече Клоп.