Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп нема намера да остане на клупата на „црвените“ по истекот на неговиот договор.
Клоп пристигна на „Енфилд“ во 2015 година и ги препороди „црвените“ кои под негово водство ја освоија Премиер лигата и се искачија на врвот на Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на Јирген Клоп со „црвените“ истекува во 2024 година, а многу љубители на фудбалот се прашуваат дали 54-годишниот германски стратег ќе остане и после тоа.
„Планот е да останам до летото 2024 година, а потоа благодарам и пријатно“, јасен беше Клоп.
„Единствено ако имам исто ниво на енергија би продолжил. Ако си одам нема да има врска со квалитетот на екипата. Овој клуб мора да биде подобар особено кога јас нема да бидам тука, работиме на тоа и таков е планот. Не е важно колку ќе останам, туку што ќе направам дотогаш“, изјави Клоп.