Ливерпул е еден од најславните и најтрофејни клубови во Англија, но на титула во Премиер лигата чека од од 1990 година.
Фановите се желни за трофеи, а доаѓањето на Јирген Клоп внесе надеж кај „црвените“ дека клубот ќе се врати на старите патеки.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, досега, германскиот менаџер не успеа да го донесе трофејот, а вели и дека не чувствува притисок да биде шампион.
„Никој не врши притисок. Сопствениците не ми велат: „Во следната сезона или си шампион, или си одиш. Аутсајдерите се тие кои велат дека ќе бидем под притисок, ако не освојам трофеј“,изјави Клоп.
Тој посочи дека во оваа фаза супериорноста на Манчестер Сити е тешка за надминување поради финансиската моќ на „граѓаните“.
„Ако зборуваме само за парите на Сити, невозможно е да се натпреваруваме. Веќе го рековме тоа, во светот има два клуба кои се во сопственост на цели држави“, објасни Германецот мислејќи на Манчестер Сити и ПСЖ.
Jurgen Klopp on how to match moneybags Manchester City: ‘You can be a millionaire and your neighbour’s a billionaire’ https://t.co/pTfLGAm2v8 | @OllieHolt22 pic.twitter.com/SsQVUZrauG
— MailOnline Sport (@MailSport) February 4, 2018