Дома Фудбал Англија Клоп: Никогаш сум немал ваква сезона

Клоп: Никогаш сум немал ваква сезона

Ливерпул и Челзи вчера го одиграа четвртиот натпревар во низа без голови (два од тие четири претходно беа одлучени на пенали).

Во стартниот состав на Ливерпул не беа Салах, Робертсон, Гакпо и Арнолд, а германскиот стратег по натпреварот појасни дека на одредени фудбалери потребен им е одмор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клоп од доаѓањето во Ливерпул констатно напредуваше и се бореше за титли. Сезонава првпат не може да се бори за трофеј, а веројатно нема да игра ниту во Европа следната сезона.

Германецот призна дека од кога е тренер на Ливерпул немал ваква сезона.

„Не, му благодарам на Бог. Не би бил тренер на Ливерпул ако имав неколку вакви сезони. Но, мораме да се подигнеме. Таков е животот, морате да се борите да ја промените својата среќа.

Секако дека не очекував тим со шест промени да одигра најдобар натпревар во сезоната. Всушнсот видов два тима без самодоверба. Но, имаше и добри работи. Се боревме и мораме така да продолжиме. Понекогаш и малите чекори се важни“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси се сврте кон камерата и испрати важна порака🎥

Интер Мајами победи со 3:2 на гостувањето кај Монтреал во меч од МЛС шампионатот и на тој …