Дома Фудбал Англија Клоп: Неиграњето во ЛШ нема да ги промени трансфер плановите

Клоп: Неиграњето во ЛШ нема да ги промени трансфер плановите

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека нема да се променат трансфер плановите бидејќи клубот следната сезона ќе игра во Лига Европа.

Запрашан дали недостатокот на финансиите од Лигата на шампионите ќе ги променат плановите на трансфер пазарот, тој одговори:


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не верувам дека ќе биде така, но ќе видиме. Секогаш е тешко во преодниот рок, колку е фудбалерот подобар, толку повеќе клубот нема да сака да го пушти. Подготвени сме за тоа. Има долга пауза и предсезона, има доволно време“, објаснува Клоп.

Салах испрати драматична порака и истакна дека е уништен поради неиграњето во Лигата на шампиони.

„Салах само опишал како се чувствува и тоа е сосема нормално. Иако знаев дека нема да имаме шанси по мечот со Астон Вила, сега и јас подвлеков дека тоа е завршена работа. Беше јасно дека Њукасл и Јунајтед ќе освојат по еден бод.Сепак, јас го видов Салах во кантината пред еден час и беше навистина добар“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…