Дома Трансфер зона Клоп на Мундијалот си „бендиса“ јануарско засилување

Клоп на Мундијалот си „бендиса“ јануарско засилување

Скаутите на Ливерпул внимателно ги следат натпреварите на Мундијалот, па медиумите тврдат дека пронашле зимско засилување за тимот.

Имено, Клоп сака да го засили средниот ред во јануари, а му фрлил око на мароканецот Софијан Амрабат.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


26-годишниот фудбалер на Фиорентина игра одлично на Мундијалот, а Клоп има потреба токму од таков профил на фудбалер.

Ливерпул нема многу алтернативи во средниот ред, па е во потрага по квалитетен играч за врска.

Амрабат има договор со Фиорентина до јуни 2024 година, а за неговата слобода клубот бара 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…