Дома Фудбал Англија Клоп му одговори на Гвардиола на коментарот за Мане

Клоп му одговори на Гвардиола на коментарот за Мане

Не требаше долго да чекаме на реакција од Јирген Клоп откако Пеп Гвардиола кажа дека Садио Мане има навика да симулира.

Мане во 37. минута од натпреварот против Вила доби жолт картон поради глума, а потоа во судиското продолжение постигна погодок за 1:2 и победа на Црвените.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Некогаш Мане симулира, а некогаш има неверојатна способност да постигне погодок во последните минути. Тој е талентиран фудбалер.“ – изјави Гвардиола.

Клоп на прес конференцијата пред натпреварот во ЛШ и дуелот со Генк порача дека Мане не е симулатор.

„Можам да кажам дека Садио не симулира. Во ситуацијата против Астон Вила влезе во контакт и падна. Можеби не беше пенал, но имаше контакт.“

Инаку, Ливерпул и Манчестер Сити викендов меѓусебно ќе ги одмерат силите во дербито на 12. коло од ПЛ.

„Не сум расположен да зборувам за Сити. Можеме да зборуваме за Генк, за нас, за било кој, но не и за натпревар кој се игра во недела.“ – изјави Клоп.

Црвените моментално се првопласирана екипа со шест бода пред Граѓаните. Натпреварот во недела се игра на Енфилд со почеток во 17.30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Рома донесе одлука за Де Роси!

Сопствениците на италијанска Рома денеска соопштија дека тренерот Даниеле де Роси и следна…