Дома Фудбал Англија Клоп: Конте, Нагелсман, па сега Роџерс и Потер, чудна недела…

Клоп: Конте, Нагелсман, па сега Роџерс и Потер, чудна недела…

Meнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека претходните две недели биле чудни поради бројните откази кои ги добија неговите колеги.

Клоп новинарите го замолија да ја прокоментира ситуацијата со отказот на менаџерите на Лестер и Челзи, Бренадн Роџерс и Грем Потер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Што да кажам во врска со тоа? Незгодна работа за која никој не зборува – зошто сум јас се уште тука во овој луд свет? Последниот мохиканец. Ниту едниот, ниту другиот клуб не се на позицијата на која сакаат. Не можам да кажам дека двајцата ги познавам, но двајцата ми се допаѓаат“, изјави 55-годсишниот Клоп кој на клупата на Ливерпул е од 2015 година.

Потер стана 12-тиот менаџер кој доби отказ оваа сезона во Премиер лигата и тоа е нов рекорд.

„Тие се навистина добри луѓе, фантастични менаџери, но и покрај тоа работите некогаш можат да тргнат во насока во која не посакувате. Тие кои носат одлуки сметале дека треба промена и ние сите мораме да прифатиме дека тоа е дел од нашата работа. Чудна недела – Конте, потоа Нагелсман (отказ во Баерн), сега Роџерс и Потер. За сите четворица, иднината во фудбалот е светла“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид го наградува Винисиус

Винисиус Јуниор и оваа сезона игра во фантастична форма во дресот на Реал Мадрид и се пром…