Дома Фудбал Италија Клоп и Гвардиола го одбија Јувентус: Новиот тренер сепак доаѓа од Премиер лигата!

Клоп и Гвардиола го одбија Јувентус: Новиот тренер сепак доаѓа од Премиер лигата!

Веќе официјално стана јасно дека Масимилиано Алегри нема да ги води „бјанконерите“ следната сезона, па раководството ја започна потрагата по негов заменик.

Фановите очекуваа етаблирано тренерско име, први мети на раководството беа Гвардиола и Клоп, не обидот заврши без успех.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, англиските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ испратила официјални понуди до тренерите на Ливерпул и Сити, но Клоп и Гвардиола учтиво ги одбиле, па и следната сезона ќе останат во Премиер лигата.

Сепак, последните информации од Италија се дека новиот кормилар на „бјанконерите“ ќе пристигне од Премиер лигата, а станува збор за Маурицио Сари.

Италијанецот сигурно ќе добие отказ од Челзи дури и ако го освои трофејот од Лига Европа, па најверојатно ќе се врати во Серија А.

Раководството на Јувентус е во интензивни преговори со неговите менаџери, па Маурицио Сари во моментов е во пол-позиција за клупата на „бјанконерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…