Дома Фудбал Клоп испрати порака до заробениот фудбалски тим: Нема да ве оставиме сами!

Клоп испрати порака до заробениот фудбалски тим: Нема да ве оставиме сами!

Менаџерот на Ливерпул испрати порака до младиот фудбалски тим кој е заробен во пештера во северниот дел од Тајланд.

Дванаесет тинејџерки и нивниот 25-годишен тренер беа откриени од страна на британски спасувачки екипи, па сега трае процесот на нивна евакуација од пештерата.

Младите фудбалери се еден километар под земја и два километри оддалечени до излезот на пештерата. Комплексот е редовно поплавен за време на дождовната сезона, што го спречува нивното спасување.

Целиот свет се солидаризира до тинејџерите, а порака за нив испрати и Јирген Клоп.

„Од името на целото семејство Ливерпул ви посакуваме од дното на душата се најдобро. Ние сме со вас и никогаш нема да ве оставиме сами“, порача Клоп алудирајќи на химната на Луверпул „You’ll Never Walk Alone“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната на Скопје на нов тест: Тиквеш ја брка шестата сезонска победа

Скопје по ремито со Силекс гостува во Кавадарци, каде Тиквеш бара нови бодови за задржувањ…