На Ливерпул одлично му оди, а Белгиецот не е задоволен од својот статус на „Енфилд“.
Белгискиот чувар на мрежата Симон Мињоле неодамна го промени својот агент и јасно е дека тоа го направи со цел да си пронајде нов клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мињоле јасно истакна дека не сака да седи на клупата, а Јирген Клоп предност во овие моменти му дава на Лорис Кариус.
Како што пренесуваат белгиските медиуми, за Мињоле интерес покажале италијански Наполи и германска Борусија Дортмунд.
„Не сум среќен што седам на клупата за резерви, но среќен сум бидејќи момците се во добра форма и играат во четвртфиналето од Лигата на шампионите“, изјави Мињоле.
Кога во прашање е Јирген Клоп, Германецот имаше јасна порака.
„Никој не знае што носи иднината, барем јас не знам. Фудбалот е работа, правилата се секогаш исти. Не е на мене да размислувам кој е среќен, а кој не, ќе брани најдобриот“, порача Клоп.