Дома Фудбал Англија Клоп: Изгледа Јунајтед е единствениот тим кој сака да игра со нас во моментов!

Клоп: Изгледа Јунајтед е единствениот тим кој сака да игра со нас во моментов!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се пошегува дека Манчестер Јунајтед е единствен тим кој сака да игра со „црвените“ во овој момент.

Викендов на програмата е големото дерби кое ќе се игра на „Олд Трафорд“, а пред мечот Солскјер истакна дека ова е вистински момент да се игра против Ливерпул, кој има максимален број бодови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Тие велат дека ние сме перфектен противник за нив во овој момент. Не мислам дека има многу тимови кои сакаат да играат со нас во овој момент. Изгледа Манчестер Јунајтед е единствениот“, се пошегува Клоп.

„Колку ги сакам овие натпревари? Многу. Тоа е солта во супата. Би сакал да се подготвувам за овој меч цела недела, но тоа беше невозможно поради репрезентативната пауза. Меѓутоа, иста е ситуацијата за двата тима“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…