Дома Фудбал Англија Клоп: Зошто да бидам изненаден од Тотенхем?

Клоп: Зошто да бидам изненаден од Тотенхем?

Ливерпул Божиќ го дочека на првото место, а ако се суди според првиот дел од сезоната, битка за титулата ќе води со Манчестер Сити.

Сепак, не треба да се отпишат ниту лондонските клубови, а посебно се однесува за Тотенхем, кој и оваа сезона игра одлично и моментално е на третата позиција со 42 бода, шест помалку од Ливерпул.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Фактот дека и Тотенхем е конкурент за титулата е свесен и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

„Мислам дека Тотенхем секогаш е во трка за титулата. Зошто да се изненадам за нивните добри резултати? Имаат одлична екипа. Сепак, за нив беше најтешко да се припремаат за сезоната, а тоа не е поради тоа што летоска не донесоа нови играчи.“

„Ако имате одлична екипа, зошто да купувате нови играчи? Сепак, Тотенхем имаше осум или девет играчи кои играа на Светското првенство во Русија. Поради тоа нивните игри во оваа сезона се посебно импресивни.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Од Реал Мадрид заминува и последниот член на семејството Зидан

Реал Мадрид во новата сезона ќе влезе без ниту еден претставник од семејството Зидан и так…