Тимот на Ливерпул славеше на гостувањето против Хадерсфилд со 3:0, а во првите 11 за овој натпревар немаше место за најскапото засилување на „црвените“ Вирџил Ван Дијк.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клоп по натпреварот ја објасни оваа одлука како и недоразбирањето околу изведувањето на пеналот кој го изнуди Емре Чан.
„Мислам дека сосема е нормално тоа што Ловрен и Матип стартуваа од првата минута бидејќи подолго време играа заедно, а исто така стилот на Саутемптон е поинаков од нашиот, па потребно е време Ван Дијк да се прилагоди“, изјви Клоп, кој потоа го прокоментира недоразбирањето околу изведувањето на пеналот.
„Всушност ми е мило што дојде до такво нешто бидејќи со тоа покажаа дека знаат и сами да ги решат проблемите. Јас сум виновен што не одредив кој да ги изведува пеналите. Сепак најважно е што топката заврши во мрежата. Сега Салах веројатно ќе го изведе следниот пенал, подобро да сакаат да го изведат двајца или тројца играчи отколку ниту еден“, заврши Германецот.