Ливерпул ќе се соочи против Челси утре од 13.30 часот, а тренерот Јирген Клоп доби одлични вести пред натпреварот.
Англиските медиуми објавија дека Дарвин Нуњез е подготвен за дербито против Челси и ќе може да му помогне на Клоп.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нуњез паузираше одреден период и ги пропушти дуелите со Брајтон и Вулверхемптон, но сега повторно може да се врати во нападот.
Младиот напаѓач нема среќа оваа сезона и се соочува со голем број критики поради пропуштените шанси, иако се очекуваше да биде одличен во нападот зашто Ливерпул за неговите услуги плати 100 милиони евра.