Дома Фудбал Англија Клоп: Дербито е важно, но сезоната не завршува во недела

Клоп: Дербито е важно, но сезоната не завршува во недела

Јирген Клоп пред големото дерби со Манчестер Сити истакна дека за него победата во дербито е многу важна, но сепак потенцираше дека сезоната е долга и не завршува во недела.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„За мене ова е меч кој задолжително треба да го добиеме, но не знам дали тоа ќе се случи. Ние се подготвуваме да одиграме голем натпревар, знаеме што треба да направиме, да бидеме храбри и да играме фудбал. Меѓутоа, сезоната нема да заврши после тој меч, не очекува голема борба до крајот на сезоната“, изјави Клоп, кој потоа го пофали својот колега Пеп Гвардиола.

„Јас имам само почит кон Пеп Гвардиола. Го познавам долго време и е супер за мене да бидам негов ривал. Мислам дека тој е најдобриот тренер во светот, но ние имаме шанса да победиме против неговиот тим, без оглед на се, тоа е тешко“, истакна Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мундијалот уште не почнал, а Нејмар го загрижи Анчелоти – не се појави на првиот тренинг!

Цел Бразил беше во екстаза кога Карло Анчелоти реши да го повика Нејмар за претстојниот Му…