Дома Фудбал Англија Клоп: Да ја искористиме непријателската атмосфера!

Клоп: Да ја искористиме непријателската атмосфера!

Лидерот на Премиер лигата, Ливерпул се подготвува за градското дерби против Евертон кое на програмата е во недела.

На првиот меч оваа сезона на „Енфилд“, „црвените“ многу тешко стигнаа да победата со гол во судиското продолжение.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не сум убеден дека сега сме помотивирани во споредба со првиот меч против Евертон. Голот на Ориги беше специјален момент, но сега не е време да се навраќаме на тоа. Мечот беше многу тежок и таков ќе биде и сега. Да се надеваме дека на крајот повторно ќе бидеме среќни“, изјави Клоп.

Германецот не е загрижен од „пеколната“ атмосфера на „Гудисон Парк“ и твди дека тоа може да биде мотив за неговите фудбалери.

„Фудбалерите обожаваат непријателска атмосфера како оваа. Ќе има многу емоции, страв, како што треба да биде во фудбалот. Тредба да го искористиме тоа. Кога фановите постојано викаат против противникот, понекогаш забораваат да му дадат поддршка на својот тим. Но, на „Гудисон Парк“ не е така“, заклучи Клоп.

„Ние на теренот секогаш се стремиме да бидеме агресивни, но во рамките на дозволеното. Спремни сме дури да се повредиме себе си, само не противникот. Публиката сака победа, а за да го оствариш тоа мора да имаш 11 лавови на терен“, истакна Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Капело му се чуди на Милан зошто бара странски тренер

Легендарниот тренер Фабио Капело, во интервју за „Газета дело Спорт“ го советуваше својот …