Дома Фудбал Клоп: Дали ќе купиме уште некој? Не сакам да ја расипам забавата!

Клоп: Дали ќе купиме уште некој? Не сакам да ја расипам забавата!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не им даде многу надежи на фановите дека можат да видат нови засилувања на „Енфилд“ во зимскиот преоден рок, но сепак не ја исклучи таа можност 100%.

До овој момент „црвените“ го донесоа Вирџил ван Дијк, но се разделија со својот најдобар фудбалер Филипе Кутињо, па медиумите шпекулираа дека Ливерпул ќе донесе замена за Бразилецот.

Најчестото име кое се поврзува со Ливерпул е Томас Лемар од Монако, но Клоп изјави дека мали се шансите да пристигне некој фудбалер до крајот на преодниот рок.

„Многу е веројатно дека нема да пристигне никој до крајот на преодниот рок. Сепак не можам тоа да го кажам со 100% сигурност. Тоа значи дека ќе ставам крај на сите шпекулации, а не сакам да го правам тоа. Треба да се забавуваме и во следните неколку дена“, одговори Клоп во свој стил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ ја објави цената: Билетите за Словенија во продажба од 2 ноември

Влезот за последниот групен натпревар на Македонија во Лигата на нации ќе чини 500 денари,…