Дома Фудбал Англија Клоп ги убедува навивачите: Проблемите се минато, Кутињо е целосно посветен на Ливерпул!

Клоп ги убедува навивачите: Проблемите се минато, Кутињо е целосно посветен на Ливерпул!

Фелипе Кутињо ова лето беше на работ да премине во редовите на Барселона, но на крајот тој остана во Ливерпул, а сега Клоп тврди дека тој е целосно посветен на натпреварите на Ливерпул.

Покрај Клоп и Кутињо неодамна повтрди дека навивачите нема потреба да се грижат и дека тој сега во целост ќе се посвети на настапите во Ливерпул, на истата тема Клоп зборуваше на прес конференција за медиумите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Летните проблеми се минато, Кутињо сега е целосно посветен на Ливерпул и добро е што го имаме во тимот. За нас најважно е што тој е во одлична форма. Според мене во овој момент не треба да разговараме за минатото, на крајот сите сме професионалци и треба да ја прифатиме ситуацијата таква каква што е“, изјави Клоп.

Да потсетиме, Кутињо беше и стрелец на последниот натпревар во Лигата на шампионите во кој Ливерпул одигра 1:1 против тимот на Спартак Москва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…